Со 28,5 милиони евра ќе се гради втората фаза од хидросистемот „Лисиче“
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во општина Велес одржа работен состанок за реализација на проектот за „Повеќенаменски ХС Лисиче 2“. На состанокот се разговараше за почетокот на изведба на претстојниот зафат, а консултантот на германската развојна банка „KfW“, беше информиран за потребите и значењето на овој проект за велешкиот регион.