Претходна статија
Предавање на ФАКТ бирото од Берлин на 14 септември во МКЦ
Следна статија
Општина Богданци продава 10 парцели за изградба на нови фабрики

Општина Ѓорче Петров со субвенции за изведба на ЕЕ фасади и кровови

Објавено на 12.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Станарите од постарите станбени згради на територијата на општина Ѓорче Петров ја добиваат можноста да добијат субвенции за изведба на енергетско ефикасни фасади и кровови. Локалната власт денеска објави јавен повик за доделување поддршка на станарите при изведба на вакви реконструктивни зафати, која ќе изнесува 30% од вкупната сума, но не повеќе од 1.000.000 денари од износот на целата инвестиција. Право на учество имаат оние заедници на сопственици или управители на станбени згради чии објекти се изградени пред повеќе од 25 години.

 

Јавниот повик за субвенционирање и поддршка на проектот за енергетски ефикасни домови ќе трае до 30 септември. Како услов за учество на овој повик, станарите ќе треба да достават потпишани изјави за учество на минимум 51% од сопствениците на станови во зградата. Истовремено, минимум 70% од станарите ќе треба да се обврзат дека ќе вложат сопствени средства во менувањето на прозорците од нивните станбени објекти. Повеќе информации за овој јавен повик може да се добијат овде.