Претходна статија
Општина Ѓорче Петров со субвенции за изведба на ЕЕ фасади и кровови
Следна статија
Ќе се гради патот од Старо до Ново Коњарево во струмичко Ново Село

Општина Богданци продава 10 парцели за изградба на нови фабрики

Објавено на 12.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Локалната самоуправа од Богданци објави оглас за продажба на 10 градежни локации за изградба на објекти од лесната и незагадувачка индустрија на локалитетот Барта. Вкупната површина на огласеното земјиште изнесува 30.139 метри квадратни, од кои на инвеститорите им се нудат поединечни парцели со големина од 1.775 до 4.557 метри квадратни. Почетната цена за продажба на огласеното земјиште е 61 денари за метар квадратен. На локациите за градење ќе можат да се издигнат фабрики со висина од приземје и два ката.

 

Заинтересираните инвеститори можат најдоцна до 15 октомври да ги достават пријавите за учество на електронското јавно наддавање. Лицитацијата на огласеното земјиште е предвидено да се одржи на 17 октомври. По склучувањето на купопродажните договори, идните инвеститори ќе имаат рок од 9 месеци за да обезбедат одобренија за градење од општина Богданци.