Претходна статија
До јуни ќе се заврши реконструкцијата на патот Гостивар - Кичево
Следна статија
360 милиони денари за довршување на автопатот Миладиновци - Штип

Скопје се приклучува на мрежата на зелени градови

Објавено на 27.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската градска власт во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во наредните 13 месеци ќе работи на проектот „Акциски план Скопје Зелен Град“. Скопје ќе биде првиот град од земјава што ќе се приклучи на мрежата на зелени градови, со што ќе се фокусира на низа предизвици во рамките на урбаниот одржлив развој и животната средина во градот.

 

„Акцискиот план треба да му помогне на градот Скопје да ги идентификува најчувствителните предизвици за животната средина, да направи листа на приоритети и да ги адресира“, изјави градоначалникот Петре Шилегов. Клучните сектори што ќе бидат опфатени со овој акциски план се: сообраќајот, градежните објекти, индустријата, енергијата, водата, цврстиот отпад и употребата на земјиштето.

 

Во изработката на „Акцискиот план Скопје Зелен Град“ ќе се применуваат утврдени индикатори за да се прикаже моменталната состојба со животната средина и екологијата во градот и потоа да се развие долгорочна визија (10 години), приоритети на среден рок (од 5 до 10 години) и краткорочни акции и мерки (од 1 до 5 години).