Претходна статија
За заштита од свлечишта, косините од автопатот Миладиновци - Штип ќе се пошумуваат
Следна статија
Цементарница УСЈЕ лани со минорно намалување на профитот од работењето

По неколкугодишно опаѓање, цената на становите лани скокнала за 3,2%

Објавено на 25.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

За прв пат по неколку години, Државниот завод за статистика регистрирал зголемување на цената на становите во земјава. Статистичкиот извештај за 2018 година вели дека просечната цена на еден метар квадратен станбена површина изнесувал 43.155 денари, односно таа е зголемена за 3,2% во однос на 2017 година. Колку за споредба, само во претходните две години цената на становите во Македонија беше намалена за 9,4%. Статистичарите лани забележале раст на вредноста кај овој вид недвижности во Скопје и во останатите градови од земјава.

 

 

Во Скопје еден метар квадратен станбена површина во 2018 година чинел 46.764 денари, што е за 7% повеќе во споредба со претходната година. Во останатите градови од земјава цената изнесувала 33.157 денари, што е за 3,6% повеќе во однос на 2017 година. Наведените просечни цени на становите во земјава се без вкалкулиран данок на додадена вредност.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk