Претходна статија
В петок се отвора изложбата „Загрозен модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба
Следна статија
И постојната влада ќе се обиде да пронајде приватен партнер за гасификација на општините

Улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало со нови велосипедски и пешачки патеки

Објавено на 07.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Град Скопје и Општина Центар денеска го презентираа новиот сообраќаен проект за улицата „Орце Николов“ во населбата Дебар Маало. Проектната документација предвидува намалување на ширината на оваа сообраќајница на шест метри, со што би овозможило да се изведе велосипедска патека во должина од 2.400 метри и пешачка патека долга 2.200 метри. Сообраќајниот проект предвидува и изведба на монтажен кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Орце Николов“ и „Аминта Трети“, како и воведување на паралелно паркирање со т.н. џебови за паркирање.

 

*Извор на фотографија: Општина Центар

 

„Ги ослободуваме тротоарите од т.н. паркинг зони – 180 автомобили се паркираат на тротоарите, нешто што нема да се случува откако ќе ја завршиме реконструкцијата на оваа улица“, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Проектот ќе го реализира општина Центар, а градоначалникот Саша Богдановиќ најави дека по изведбата на велосипедските и пешачките патеки, заедно со новите паркинг – места, целосно ќе бидат реконструирани 9.330 метри од коловозот на улица „Орце Николов“.