Претходна статија
Со пари од ЕУ ќе се реновираат дуќаните и калдрмата во Старата скопска чаршија
Следна статија
Со државни субвенции ќе се градат фотоволтаици со моќност од 62 мегавати

Нова шанса за комплексот „Космос“ во Ќерамидница

Објавено на 08.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Компанијата „ФИНЕ“ денеска ја започна изградбата на станбениот комплекс „Космос“ во скопската населба Ќерамидница. Инвестицијата од речиси 60 милиони евра ќе биде издигната на идентичната локација на која се градеше претходната висококатница, која беше срушена од претходната власт во август 2011 година. Самиот комплекс ќе се состои од два објекти, со околу 560 станови. Висококатницата е предвидено да има 17 ката, со бруто – површина од околу 80.000 метри квадратни.

 

 

Седумнаесеткатницата ќе има деловен простор за изнајмување и трговски центар во долниот дел од зградата, додека на последниот кат ќе се изведе панорамски ресторан. Помалата зграда ќе се простира на околу 40.000 метри квадратни. Идниот комплекс „Космос“ е замислено да има фитнес – центар, базен, сауна и детска градинка за станарите. За паркирање на станарите ќе бидат изведени две подземни гаражи со капацитет од околу 560 возила. Во рамките на комплексот е предвидено да се подигне парк и шеталиште долж реката Вардар.