Нова шанса за комплексот „Космос“ во Ќерамидница
Компанијата „ФИНЕ“ денеска ја започна изградбата на станбениот комплекс „Космос“ во скопската населба Ќерамидница. Инвестицијата од речиси 60 милиони евра ќе биде издигната на идентичната локација на која се градеше претходната висококатница, која беше срушена од претходната власт во август 2011 година. Самиот комплекс ќе се состои од два објекти, со околу 560 станови.