Претходна статија
Доцни проектот за набавка на нова опрема за Македонската навигација
Следна статија
„Жикол“ ќе ја гради фекалната канализација во Отља

Универзитетот ФОН ќе гради универзитетски град на местото на „Космос“

Објавено на 02.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

На местото на урнатиот станбен комплекс „Космос“ во населбата Ќерамидница ќе се изгради нов универзитетски град и универзитетска болница. Универзитетот ФОН денеска потпиша меморандум за соработка со инвеститорите ФИНЕ и ЈИДА Констракшн. Ова е првиот чекор од реализацијата на проектот што ќе привлече повеќе од 10.000 студенти од повеќе од 40 земји од светот во Скопје, соопштија денес од Универзитетот ФОН. Со натамошната соработка на овие три субјекти ќе се обезбеди финансиска и техничка поддршка за реализација на универзитетскиот град.

 

 

ЈИДА Констракшн ќе се заложи за меѓународна поддршка и знаење од најмалку два странски стручни фактори за реализација на Универзитетскиот медицински центар. Универзитетот ФОН во наредниот период ќе отвори нови студиски програми по стоматологија, фармација, инженеринг и кинематографија. Од оваа високошколска установа денеска информираа дека нивната дејност продолжува да се шири во Азија, така што два универзитета од Индија ќе бидат ребрендирани и ќе го носат името „FON University“.