По неколкугодишно опаѓање, цената на становите лани скокнала за 3,2%
За прв пат по неколку години, Државниот завод за статистика регистрирал зголемување на цената на становите во земјава. Статистичкиот извештај за 2018 година вели дека просечната цена на еден метар квадратен станбена површина изнесувал 43.155 денари, односно таа е зголемена за 3,2% во однос на 2017 година. Колку за споредба, само во претходните две