Претходна статија
Разладете го домот со помали сметки
Следна статија
Тече проектот за осветлување на македонските тунели

Јавното обвинителство сака кривично да го гони професорот Грчев

Објавено на 22.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Професорот на Архитектонскиот факултет Мирослав Грчев и вештак во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство се најде на удар од Основното јавно обвинителство. Професорот Грчев е повикан во просториите на обвинителството во понеделник, во својство на пријавен за злоупотреба на службена положба и овластувања по член 353 од Кривичниот законик на РМ. На еден од најконстантните критичари на проектот „Скопје 2014“ му се заканува затворска казна од шест месеци до три години. Обвинителството го терети дека по членот кој го санкционира искористувањето на службената положба од страна на службено лице со цел да прибави за себе или за друг некаква корист или на друг да му нанесе штета.

 

 

 

„Кривичната пријава што ја добив е само едно средство од големиот дијапазон оркестрирани и од едно место диригирани средства со кои се злоупотребуваат органите на државата, се врши притисок да се затне секој глас на разумот, секој глас на знаењето и експертноста и секој глас кој што, во конкретниов случај, е искористен во полза на остварувањето на вистината и на правдата“, вели професорот Мирослав Грчев во изјава за „Плусинфо“.

 

Доставената покана од Основното јавно обвинителство доаѓа во момент кога професорот Грчев работеше на вештачењето во случајот „ТНТ“, кој го третира уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. По наредба на Специјалното јавно обвинителство, Архитектонскиот факултет при УКИМ го определи професорот Мирослав Грчев за стручно лице кое треба да го изврши вештачењето за предметот.

 

Пред неполни два месеци, бизнисменот Фијат Цаноски побара судска разрешница за рушењето на неговата зграда од страна на општина Гази Баба, кое беше реализирано на 1 август 2011 година. Овој случај беше обработен и во прислушкуваните разговори од „бомбите“ што ги објави претседателот на СДСМ Зоран Заев.