Претходна статија
По неколкугодишно опаѓање, цената на становите лани скокнала за 3,2%
Следна статија
Распишан тендерот за изградба на соларната електрана во РЕК „Осломеј“

Цементарница УСЈЕ лани со минорно намалување на профитот од работењето

Објавено на 26.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската цементарница УСЈЕ остварила минимално намалување на остварената добивка од работењето во 2018 година. Компанијата лани успеала да оствари профит во висина од 1.057.004.000 денари, односно за околу 36 милиони денари помалку во споредба со 2017 година, се наведува во консолидираниот неревидиран извештај објавен на веб – страницата на Македонска берза.

 

 

Оперативните приходи на оваа фирма лани изнесувале 4.594.295.000 денари и се засновани првенствено на остварените приходи од продажба на нејзините производи. Приходите од продажбата на домашниот пазар биле зголемени, додека се забележува минимално намалување на приходите остварени од продажбата на странските пазари. Оперативните расходи на Цементарница УСЈЕ во 2018 година биле заокружени на 3.474.483.000 денари и истите се зголемени во однос на претходната година.