Распишан тендерот за реконструкција на 8 училишта низ земјава
Министерството за образование и наука денеска ја објави тендерската постапка за избор на изведувачи што ќе ја вршат реконструкцијата на 8 основни и средни училишта во општините низ земјава. Со претстојниот проект ќе се санираат подовите, крововите, санитарните јазли и топловодното греење, а предвидена е и промена на прозорци во дел од училишните објекти.