Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: „Скопје 2014“ се надгради со уште еден плоштад и гаража
Следна статија
Со години доцни обновата на „Македониумот“ во Крушево

Мали хидроелектрани ќе никнат на системот за водоснабдување „Студенчица“

Објавено на 28.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Приватен инвеститор по пат на јавно – приватно партнерство ќе гради две мали хидроелектрани на регионалниот водоснабдителен систем „Студенчица“ во Кичево. Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ денес публикуваше оглас за избор на партнер што ќе вложи во проектирање, финансирање, изградба, стопанисување и пренос на планираните енергетски капацитети. Проценето е дека малите хидроелектрани ќе чинат околу 96,8 милиони денари, или над 1,5 милиони евра. Јавното претпријатие треба да склучи концесиски договор со инвеститорот во времетраење од 30 години. Заинтересираните субјекти треба да ги достават понудите најдоцна до 10 февруари 2016 година.

 

Регионалниот систем за водоснабдување „Студенчица“ ги зафаќа изворите на реката Студенчица од источната страна на планината Бистра. Инфраструктурното здание е изградено во периодот од 1974 до 1983 година за водоснабдување на Кичево, Крушево, Прилеп и околните населени места, со население од околу 150.000 жители. Во јануари 2014 година, на овој водоснабдителен систем беше пуштена во употреба малата хидроелектрана Добреноец.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk