Претходна статија
Во Битола паралелно ќе се работи на гасификација и топлификација на градот
Следна статија
Истече рокот за легализација на македонските дивоградби

Ќе се делат 22 нови локации за изградба на мали хидроелектрани

Објавено на 31.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонската влада планира да додели 22 нови локации за изградба на мали хидроелектрани на нашите реки. И покрај жестоките реакции на екологистите во врска со уништувањето на помалите реки со овие зафати, денеска е објавен јавниот повик за прибирање понуди за доделување на концесија за користење на водите за производство на електрична енергија од 22 идни мали хидроелектрани низ целата земја. Идните концесии ќе се издаваат за период од 23 години, во чии рамки инвеститорите е предвидено да ги изградат планираните енергетски капацитети.

 

 

Заинтесираните инвеститори ќе имаат рок до 20 февруари 2019 година за да ги достават своите понуди до Министерството за животна средина и просторно планирање, при што посебно оформена комисија идентичниот ден ќе врши отворање на доставените понуди. Изборот на најповолните компании ќе се врши според изработена формула, во која како главни критериуми се јавуваат минималната инсталирана моќност на хидроелектраната што е понудено да се гради од инвеститорот и висината на еднократниот надоместок што тој ќе ја плати на државата.

 

Со најновиот јавен повик објавен од македонската влада е предвидено да се градат следниве мали хидроелектрани на сливовите на реките Вардар, Треска и Црн Дрим: „Орашје 1“ (Вардар), „Сапунчица“ (Црна река), „Јабланица 1“ (Црн Дрим), „Елевска“ (Црн Дрим), „Јеловска“ (Вардар), „Јуручка“ (Кадина река), „Кадина“ (Вардар), „Дуфска река 2“ (Вардар), „Дуфска река 1“ (Вардар), „Баров дол“ и „Папрад“ (Дошница), „Боговињска“ (Вардар), „Маздрача“ (Вардар), „Воденица“ (Вардар), „Бачишка река“ (Крива река), „Рабетинска река“ (Треска), „Жировница“ (Жировница), „Сливничка“ (Сливничка река), „Коча“ (Голема река), „Присовјанска“ (Голема река), „Голема река 1“ (Голема река) и „Голема река 2“ (Голема река).