Претходна статија
Хаос со управувањето и развојот на спортско - рекреативните центри „Сарај“ и „Езеро Треска“
Следна статија
Изградени само 25% од пругата Куманово-Бељаковце на Коридорот 8

За две години издадени концесии за изградба на 49 нови мали хидроелектрани

Објавено на 02.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Не запира интересот за изградба на мали хидроелектрани на реките и хидросистемите низ земјава. Според податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање, во последните две години се издадени концесии на десетици фирми за изградба на вкупно 49 мали хидроелектрани на територијата на земјава. Од нив, во 2015 година биле потпишани договори за изведба на 25 енергетски објекти, додека концесиите за останатите капацитети биле доделени во 2016 година. Планираната моќност на овие хидроелектрани е проектирана на над 42,4 мегавати. Дел од овие капацитети веќе започнаа да се градат, но поголемиот дел од нив ќе се изведуваат во наредниот период.

 

 

За примамливоста на бизнисот за производство на електрична енергија говори и податокот дека дел од концесиите ги имаат добиено приватни фирми што имаат искуство во други сфери од економијата, вклучувајќи ги и градежните компании. Покрај оние што допрва ќе се градат, во моментов во Македонија непречено функционираат 73 мали хидроелектрани, со вкупна моќност од 67,31 мегавати. Според податоците на Агенцијата за енергетика, во Регистарот на електроцентрали се впишани мали хидроелектрани што имаат капацитет да произведат двојно повеќе електрична енергија од ветерниот парк „Богданци“.