Ништо од реконструкцијата на Универзална сала за годинава
Повторно се одложува реконструкција на Универзална сала, бидејќи за оваа намена не се предвидени средства во буџетите на Градот Скопје и Министерството за култура. Како што јавува порталот СДК.МК, изработените три проекти се несоодветни и во наредниот период ќе се доразработат за да се пронајде оптимално решение за објектот. Градските власти и надлежното министерство