Претходна статија
Лани регистрирани нови 1.061 дивоградби низ целата земја
Следна статија
Се ближи крајот на изградбата на градскиот пазар во Гевгелија

Догодина ќе започне реконструкцијата на Универзална сала

Објавено на 12.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

#Откако пропадна најавата за изградба на нова Универзална сала во Скопје според идејното решение на архитектонското студио „Стоун дизајн“, кое предвидуваше необично здание со јајцевидна форма, реактивирани се старите планови за реконструкција и проширување на постоечкиот објект.

 

Градежниот институт Македонија (ГИМ) во моментов врши измени и дополнувања на проектот изработен од „Архангел бојс“ уште пред осум години, со кој е предвидено Универзалната сала да се модернизира, гледалиштето да добие 200 седишта повеќе, влезот и фоајето да се прошират, да се изведат гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија на две нивоа околу целиот објект со угостителски простор, како и комерцијални содржини кои ќе ѝ помогнат на културната установа да се издржува со самофинансирање.

 

Според Вера Бошковска, директорка на Универзалната сала (сега Конресен центар „Александар Македонски“), ГИМ има обврска да вцрта уште две помали сали во објектот, но освен тоа, нарачаниот изменет проект немало битно да се разликува од оној на „Архангел бојс“. Рокот за комплетирање на проектната документација изнесува шест месеци и доколку сѐ тече според планираното, во октомври би се распишал тендер за избор на изведувач, а градежните работи би стартувале на почетокот од идната градежна сезона

 

Првичните проценки за финансиските трошоци за реконструкција на Универзалната сала според проектот на „Архангел бојс“ пред осум години изнесуваа 3 милиони евра, потоа пораснаа на 6 милиони евра, а во моментов властите калкулираат со 15 милиони евра. Парите треба да ги обезбеди Владата од државниот буџет.

 

Универзалната сала е изградена по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со донации од 35 земји од светот. Изведена е како привремен објект со челична конструкција, а проектот е на бугарски архитекти. Официјално со работа започнала на 1 Јануари 1966 година. Последен пат била реновирана во далечната 1978 година, заради одржување на Конгрес на Комунистичката партија на Македонија.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект