Претходна статија
Бројот на паркинг места лани зголемен за 6,8%
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Кинеските возови ја доведоа удобноста на македонските пруги

ААМ повикува на бојкот на конкурсот за „барокизација“ на „Ибни Пајко“

Објавено на 28.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

http://i.imgur.com/G64rLyh.jpg

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) ги повикува своите членови да не учествуваат на тендерот распишан од Град Скопје за изработка на основен проект за реконструкција на фасадата на зградата „Ибни Пајко“. Маркантното здание во центарот на Скопје е под закана од процесот на „барокизација“, за што веќе е изработен идејниот проект од страна на авторите Лазар Димов и Никола Стакинов. „Нашите сознанија се дека и покрај со години упорното настојување, и покрај ветувањата што ги давале дека овој пат ќе ја реконструираат и задната фасада, Град Скопје нема согласност од станарите за промена на фасадата“, информираат од ААМ.

 

 

Од ААМ сметаат дека единствен начин да се стави крај на сквернавењето на градот е бојкот од архитектите изразен со неучествување во изработување на нарачаните проекти. „Оправдувањата на дел од колегите дека изработување на Основен проект не значи и авторство на делото до некаде се точни, но значи дека си соучесник во уништувањето на градот“, посочуваат од ААМ. Градските власти пред неколку дена го објавија огласот за изработка на основен проект за реконструкција на фасадата на препознатливото здание на плоштадот „Филип Втори“. Градот Скопје очекува понудите од заинтересирани фирми да им бидат доставени најдоцна до 3 мај.

 

 

„Ибни Пајко“ е авторско дело на архитект Глигорие Томиќ

 

Од ААМ денеска напоменаа дека автор на станбено – деловниот објект „Ибни Пајко“ е Глигорие Томиќ (1886-1971), по потекло од Крушево. Порталот „Билд“ пред неколку дена направи ненамерна грешка, информирајќи дека објектот „Ибни Пајко“ е изграден според архитектонскиот труд на Михо Чакеља. Поради направената грешка, се извинуваме до архитектонската фела во земјава, како и до членовите на потесното семејство на починатиот автор.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk