Проектот „Скопје 2014“ е стопиран од Владата, но не и од Народната банка
Иако владата ги задолжи државните институции да го сопрат финансирањето на објекти од проектот „Скопје 2014“, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) продолжува со изградбата на „неокласицистичката“ палата во центарот на Скопје. На раководството на централната банка не им се допаѓа бруталистичкото здание до Транспортниот центар, така што во моментов ги вршат првичните изведбени