Претходна статија
Почна изградбата на првата зграда од проектот „АРМ – мој вистински дом“
Следна статија
ПРЕДАВАЊЕ: Скопјани научија за развојот на урбаните градини во градовите

Народната банка најде 24 милиони евра за „барокна“ зграда

Објавено на 12.10.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Проектот „Скопје 2014“ порасна на фрапантни 667 милиони евра. Народната банка пред една недела склучила договор за изградба на нова „барокна“ зграда на местото на постоечкиот парк помеѓу Министерството за надворешни работи и Македонската опера и балет. Градежната фирма „Бетон“ од Скопје за над 1,8 милијарди денари (24 милиони евра) ќе го издигне зданието со планирана висина од 29 метри. Со реализацијата на проектот ќе се гради и раскошна фонтана со обелиск и ќе се редат скулптури врз „барокната“ фасада на објектот. Сите овие замисли треба да се изведат во временски период од 33 месеци.

 

 

 

 

Идното седиште на Народната банка ќе се гради врз основа на избраното идејно решение на авторите Никола Стакинов и Лазар Димов. Основниот проект за оваа зграда го изработи фирмата „ЛОУ ТЕК“ од Скопје. Визуелизации од планираниот раскош засега не е обелоденет од страна на централната банка, и покрај тоа што само денови ги делат банкарите од официјалното поставување на камен-темелникот.

 

Објектот ќе се гради на една од локациите на кои беше предвидена доградба на Културниот центар – Скопје. Наместо „барокна“ зграда, словенечките автори Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер и Марјан Уршич од љубљанското „Биро 77“ за граѓаните на Скопје предвидоа голема кино сала на оваа локација. Од Народната банка треба допрва да одговорат за тоа дали ги исконсултирале архитектите од Љубљана при реализацијата на нивниот нов градителски подвиг.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk