" />
Потсетување на темите кои најмногу го прилвекоа вашето внимание во изминатата година. Следуваат десетте објави во категоријата вести кои беа најчитани од посетителите на build.com.mk, подредени според популарноста:
30.07.2010
ФОТО ВЕСТ: Блесна јужната трибина
Сношти, на мечот Работнички – Ливерпул, беше инаугурирана реновираната јужна трибина на Националната арена. Сега таа има нов покрив, ново осветлување и нови столчиња, додека на тоалетите сеуште се работи. До 2013 кога треба да биде целосно завршен …
18.10.2010
Претставен прототипот на новите двокатни автобуси за Скопје
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денес во Женгжоу (Кина) ја посети фабриката на Јутонг (Zhengzhou Yutong Group Co.Ltd.) каде се произведуваат двокатните автобуси по нарачка од Владата на Македонија. Министерот оствари работна средба со …
24.08.2010
Поставени два лава на мостот Гоце Делчев
Два од предвидените четири бронзени лава денска беа поставени на мостот „Гоце Делчев“, односно на неговиот западен приод. Постаментите се високи по 3,5 метри, а скулптурите чии автори се Дарко и Елена Дуковски се високи по …
01.09.2010
ФОТО ВЕСТ: Отворен „Веро центар“
Новиот „Веро центар“ во Скопје отворен за посетителите.
Форумска дискусија за овој проект » овде
21.11.2010
БЛИЦ ВЕСТ: Старт на изградбата на облакодери во Аеродром
Поставена е ограда и отпочнати се земјени работи на локацијата на Булевар Србија во близина на бензинската пумпа на Макоил, каде е предвидена изградба на висококатни објекти. Земјиштето со површина од 21.150 метри квадратни пред половина година го купи …
14.05.2010
Скопје ќе добие Marriott Hotel
Првиот хотел од ланецот Мериот (Marriott) на бившите југословенски простори ќе никне на Плоштадот Македонија во Скопје, на просторот помеѓу Рисиќева Палата и деловниот центар Сан Марко кој е во изградба. Објектот, за кој се најавува дека ќе биде во Арт Деко …
07.04.2010
Големата награда на БИМАС 2010 ја доби проектот Винарија Стоби
Со доделување на награди во просториите на мултимедијалниот центар „Мала Станица“, сношти беше свечено затворено јубилејното 15-то издание на Биеналето на македонската архитектура. На овогодинешниот БИМАС беа презентирани 170 трудови кои ги оценуваше …
03.11.2010
Напредува изградбата на жичарницата на Водно
Завршени се работите на десетте линиски столбови од првата секција на жичарницата со должина од 1.645 метри, а полека се оформуваат и станиците на Средно Водно и кај Милениумскиот крст. Следува изградба на гаражната хала на Средно Водно, додека …
16.06.2010
Југозападниот бедем на „Кале“ е готов, на ред е Киклопскиот ѕид
Напредуваат работите на проектот за систематски археолошки истражувања, конзервација и реставрација на Скопската Тврдина. Неодамна завршија градежните активности на југозападниот бедем во должина од 310 метри – дел од тврдината кој …
11.12.2010
Свечено отворен новиот струмички плоштад
Во пресрет на денешниот патронен празник на Струмица – Свети петнаесет тивериополски маченици, заштитници на градот, вчера свечено беше отворен новиот градски плоштад „Гоце Делчев“. Работите на плоштадот сепак ќе продолжат во наредните десетина дена …