БИМАС ДЕБАТА: Развојот на Скопје во иднина ќе се одвива низ соработка на Градот и експертите
Архитектите, урбанистите и градските власти вчера вечер во Музејот на град Скопје преку организираниот разговор се обидоа да ги претстават чекорите што ќе следуваат во насока на средување на урбанистичкиот хаос во кој се наоѓа Скопје. На дебатата учествуваа Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет