Претходна статија
Започна изградбата на нова градинка во Шуто Оризари
Следна статија
Владата ќе поддржи неколку инфраструктурни проекти во Велес

Студентски конкурс за графички обликуван постер за БИСТА 2018

Објавено на 10.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Асоцијацијата на архитекти на Македонија објави студентски Конкурс за избор на најдобро графички обликуван постер за овогодинешното Биенале на студентите по архитектура – БИСТА 2018. Постерот треба да биде во формат 50/70 cm, во слободна техника, во боја или црно-бел и треба јасно да ја репрезентира авторската идеја која ќе им се обрати пред сè на студентите по архитектура, но и на пошироката публика со својата релевантност и препознатливост.

 

Постерот треба да го покаже видливо и јасно постојното лого на БИСТА, но и да понуди соодветно графичко решение за позицијата на логото на Асоцијацијата на архитекти на Македонија како организатор на биеналето. Конкурсот е анонимен и на него имаат право на учество само студентите по архитектура. Оценувањето на пристигнатите постери го врши жири составено од претставници на факултетите по архитектура во земјава кои ќе учествуваат на Биеналето.

 

На Конкурсот е предвидено да се доделат три награди, при што првонаградениот труд ќе стане официјален постер за БИСТА 2018 и ќе ги следи сите активности на Биеналето на студентите по архитектура. Конкурсните решенија се доставуваат најдоцна до 1 септември до Асоцијацијата на архитекти на Македонија.