Претходна статија
Продажба на земјиште за здравствена институција во Карпош
Следна статија
Продажба на градежно земјиште во Негорци

Големата награда на БИМАС 2010 ја доби проектот Винарија Стоби

Објавено на 07.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Александар Радевски и Викторија Ставриќ, авторите на победничкиот трудСо доделување на награди во просториите на мултимедијалниот центар „Мала Станица“, сношти беше свечено затворено јубилејното 15-то издание на Биеналето на македонската архитектура. На овогодинешниот БИМАС беа презентирани 170 трудови кои ги оценуваше жири во состав: Мартин Гулески, Викторија Еремеева, Страхиња Трпевски, Фросина Ралева Стојчевска, Наташа Милованчев, Дејан Секуловски и на чело со Вера Чочевска. Во рамките на манифестацијата во изминатите две недели исто така се одржаа повеќе изложби, предавања и презентации.


Винарија СтобиГолемата награда  за  реализиран архитектонски проект му припадна на проектот Винарија Стоби во Градско, на авторите Александар Радевски и Викторија Ставриќ. Според зборовите на жирито, објектот и покрај комплексната програмска содржина го избегнал стереотипниот карактер на индустриски објект. Тој со својата целовитост ненаметливо опстојува во опкружувањето, додека складноста применета во неговото хармонично колоритно решение асоцира на неговата производна содржина. Проектот датира од 2008 година, а изградбата ја реализира градежната компанија Бетон во 2009 и 2010 година.


Природо-научен музеј на МаткаНаградата за проект од областа на архитектурата отиде во рацете на Валентино Константиновски, за  проектот Природо-научен музеј на Матка. Оценка на жирито е дека тој плени со својата едноставност, смелост и извонредно прочистена форма. Дека е во дијалог со постојното, а со користените материјали целосно се вклопува во Станбено-деловна зграда на улица Чедомир Миндеровиќтамошниот локален пејзаж.


Специјалната награда на БИМАС 2010 ја доби станбено-деловна зграда на улица Чедомир Миндеровиќ во Скопје. Автор е Виолета Бакалчев, а објектот го карактеризира извонредно чиста и специфична организација на станбената единица во склоп на дадената локација, која не е ни малку лесна за проектирање.


Деловен простор „Република“Наградата за реализиран ентериер ја однесе деловниот простор „Република“, зад кој стојат авторите Елена Икономов,  Емил Јегени и Веле Богоевски. Комплексноста во организацијата, експресивноста на формата и смелиот спој на материјали и колорит му даваат специфичен белег на овој ентериер и го чинат особено впечатлив.


Во рамките на БИМАС се одржа и десетото биенале на студентите по архитектура,  на кое беа презентирани 33 дипломски работи. Жирито составено од Тихомир Стојков, Владимир Арсовски и Мартин Гулески одлучи наградата БИСТА 2010 да и ја додели на Ивана Топаловска за трудот „Програмско инфилтрирање – Тврдина Кале“.