Презентирани идејните решенија за две нови детски градинки во Бутел
Општина Бутел денеска ги презентираше победничките идејни решенија за изградба на две нови детски градинки во скопските населби Бутел 1 и 2. Професорката Виолета Бакалчева, како овластен проектант од „БХ Архитектс“ од Тетово, го претстави изработениот идеен проект за градинката „Св. Климент Охридски“, којшто треба во иднина да прими 75 дечиња од претшколска возраст.