Два од предвидените четири бронзени лава денска беа поставени на мостот „Гоце Делчев“, односно на неговиот западен приод. Постаментите се високи по 3,5 метри, а скулптурите чии автори се Дарко и Елена Дуковски се високи по 5 метри и тежат по 5 тони. Лавовите се претставени во стражарска позиција. Леени се во Фиренца и чинат 1 милион и 150 илјади евра. До Националниот празник, 8 септември, треба да завршат и сите преостанати работи, а според зборовите на авторот, пропратните релјефи на постаментите ќе бидат со мотиви од ајдутството и комитството. Се најавува дека наскоро ќе бидат поставени и другите два лава, кои ќе бидат различни и ќе се наоѓаат на другата страна од мостот.