Прилеп со нови автобуси и градски линии ќе го развива јавниот превоз
Три години од неговото основање, јавниот градски превоз во Прилеп успешно функционира. Трите градски линии ги одржуваат пет автобуси, коишто лани дневно превезле во просек од 1.300 до 1.500 патници. Податоците на општина Прилеп за 2016 година покажуваат дека градскиот превоз го користеле од 400.000 до 500.000 патници. Цената за едно возење со автобус