Претходна статија
Пречистителната станица за отпадни води во Тетово ќе почне да се гради догодина
Следна статија
Во декември издадени градежни дозволи за изградба на само 419 станови

Ќе се реализираат првите „Идеи за Центар“ предложени од граѓаните

Објавено на 10.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската општина Центар ќе го реновира спортското игралиште „Партизан“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Градскиот парк. Ова е предлог на Филип Симеонов, кој го сподели на веб-платформата „Идеи за Центар“ и доби најмногу гласови од страна на граѓаните. Македонка Иванова преку Фејсбук профилот на градоначалникот предложи обнова на просторот околу автобуската постојка спроти Градежниот факултет со современа урбана опрема. Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска оствари средба со овие граѓани, на која им се заблагодари за конструктивните идеи. На средбата тие заеднички ги прецизираа деталите околу реализацијата на двата проекта.

 

* Извор на фотографија: Општина Центар

 

„Задоволство ми е што граѓаните споделуваат конструктивни идеи за создавање на уште поубав Центар, токму по нивна мерка. Општината е и ќе остане отворена за сите вакви предлози“ изјави градоначалникот Жерновски. „Идеи за Центар“ е веб-платформа на која граѓаните можат да ја споделат својата идеја за поубав Центар, да гласаат за веќе постоечките идеи и да дискутираат за истите. Идеите кои ќе добијат најмногу гласови ќе бидат разгледани, а најконструктивните од нив ќе бидат реализирани од локалната самоуправа. Со воспоставениот сервис, граѓаните за прв пат во Македонија имаат шанса директно да учествуваат во обликувањето на својата општина.