Липково ќе добие водовод, фекална канализација ќе се гради во Лозово и Долнени
Министерството за транспорт и врски ќе ја поддржи изградбата на три инфраструктурни проекти во општините Липково, Лозово и Долнени. Денеска беше објавен тендерот за изградба на пречистителна станица за вода за пиење за регионалниот водоснабдителен систем Липково, резервоар за селото Липково и довод до постоечката мрежа на ова село. Инфраструктурниот зафат е проценето