Претходна статија
Наместо странци, македонски фирми ќе ја либерализираат железницата
Следна статија
Новите урбанистички планови во Центар се незаконски донесени?

„Гранит“ ќе работи на третата фаза од реконструкцијата на патот Велес – Кадрифаково

Објавено на 21.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во наредната година и пол ќе се реконструира и прошири магистралниот пат Велес – Штип, на потегот од Лозово преку Сарамзалино до Кадрифаково. Градежната компанија „Гранит“ од Скопје денеска соопшти дека е избрана за најповолен понудувач за спроведување на овој инфраструктурен проект, кој опфаќа санирање на постоечките коловозни ленти и проширување на патот на 11,1 метри, преку доградба на дополнителна коловозна лента во должина од 10,7 километри. Вредноста на склучениот договор изнесува 391.676.123 денари или над 6,3 милиони евра, без вклучен ДДВ.

 

* Магистралниот пат Велес – Штип

 

 

Со најновиот потпишан договор, Јавното претпријатие за државни патишта влегува во третата фаза од реализација на проектот за реконструкција на патот Велес – Кадрифаково. Досега е завршена рехабилитација на трасата од клучката кај Велес до велешката депонија, а во моментов се одвиваат работите за реконструкција на делницата од велешката депонија до селото Лозово во должина од 8,9 километри. Во согласност со програмата за работа на ЈП за државни патишта, предвидено е да се реконструираат вкупно 24 километри од најфреквентната магистрала во источна Македонија, која ги поврзува Велес и Штип.