Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Стаклената фасада на источната трибина на Националната арена е речиси готова
Следна статија
„Инком Инженеринг“ и „Есперанца“ се победници на конкурсот за населбата „Јака“

Продолжува реконструкцијата на патот Велес – Кадрифаково

Објавено на 17.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Магистралниот пат А3 кај Лозово (извор: ЈП за државни патишта)По комплетирањето на првата фаза од проектот, Јавното претпријатие за државни патишта го продолжува процесот на реконструкција на главната источна магистрала А3, на потегот од Велес до Кадрифаково. Претстојниве недели треба да стартува реконструкцијата на делницата од велешката депонија до селото Лозово, а денес во печатените медиуми беше објавен и огласот за прибирање понуди од градежните компании за реализација на третата фаза, која ја вклучува рехабилитацијата на трасата Лозово – Сарамзалино – Кадрифаково во должина од 10,7 километри. Покрај реконструкцијата на постоечкиот коловоз, на овој потег е предвидена изградба на дополнителна коловозна лента и проширување на патот на 11,1 метри. Финансиските средства за проектот се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој.

 

Заинтересираните компании до Јавното претпријатие треба да достават понуди и доказ за постоење банкарска гаранција во износ од 100.000 евра најдоцна до 5 мај. Меѓу пропишаните критериуми за учество на тендерот е наведен и условот градежната фирма да остварила годишен обрт во износ од 10 милиони евра за секоја година од периодот 2010-2012 година. Магистралниот пат од Велес до Кадрифаково е долг околу 24 километри и истиот претставува најфреквентна, но и најопасна патна делница во источниот дел на Македонија.