Претходна статија
Избрано ли е неокласицистичко идејно решение за претстојната реконструкција на ГТЦ?
Следна статија
Новиот објект на Институтот за белодробни заболувања ќе биде готов догодина

Заврши реконструкцијата на општата болница во Охрид

Објавено на 29.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Новото болничко крило е целосно завршено, поголем дел од медицинската опрема е инсталирана, а дел од болничките одделенија веќе почнаа со работа. После неколку сопирања на проектот, меѓусебни обвинувања помеѓу проектантот и изведувачот на работите и избор на нов субјект што требаше да го доврши зафатот, граѓаните во иднина ќе можат да ги користат услугите на Општата болница во Охрид. Градежната компанија „ВИА“ од Вевчани ги заврши изведбените активности за реконструкцијата на здравствениот објект со вкупна корисна површина од 5.300 метри квадратни. За целосна реализација на проектот беа потрошени 260 милиони денари или околу 4,2 милиони евра од буџетот на Министерството за здравство. Во современиот објект со приземје и два ката се сместени одделенија за урологија, гинекологија и хирургија, операционен блок и интензивна нега, како и оддел за уво, нос и грло.

 

Реконструкцијата на старото крило од охридската болница започна во октомври 2010 година и активностите требаше да финишираат на почетокот од 2011 година. Поради нестручно изведените хируршки сали и низа забелешки од страна на ИЗИИС, зафатот беше сопрен, а Министерството за здравство потоа склучи договор за завршување на проектот со компанијата „ВИА“ од Вевчани.