Започна доградбата на училиштето „Гоце Делчев“ во општина Центар
Со над 22,6 милиони денари обезбедени од локалниот буџет ќе се реконструира и надгради основното училиште „Гоце Делчев“ во строгиот центар на Скопје. Општина Центар го започна градежниот зафат, со кој училиштето ќе добие дополнителна површина од 532 метри квадратни. За учениците ќе се обезбедат шест нови училници, три помошни простории, а дел од