Претходна статија
Ќе се решаваат пропустите при адаптацијата на арената „Филип Втори“ за Супер купот на УЕФА
Следна статија
Во Кочани се продаваат 15 парцели за изградба на нови објекти

Владата ќе направи сѐ за Супер купот на УЕФА да се одржи во Скопје

Објавено на 24.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

На Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им требале седум дена за да го испрати до владата писмото на УЕФА во кое се нотирани недостатоците од адаптацијата на арената „Филип Втори“ во Скопје. Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски на денешната прес-конференција рече дека извршната власт ќе ги преземе сите неопходни активности за да се исполнат условите за одржување на Супер купот на УЕФА во Скопје. „За разлика од тоа кога седум дена патува писмо од Фудбалската федерација до Владата на Република Македонија, Владата во истиот ден го става на дневен ред и веќе носи заклучоци“ истакна Драги Рашковски.

 

 

АДСДП од владата побарало околу 120 милиони денари за да бидат довршени сите работи за адаптација на фудбалската арена „Филип Втори“. Наспроти ваквите барања, владиниот секретаријат веќе остварил консултации со фирмите – изведувачи на стадионот, од каде било истакнато дека се потребни околу 18 милиони денари за завршување на неопходните работи. Владиниот секретар Драги Рашковски денеска посочи дека на сметката на АДСДП има 64 милиони денари, но и покрај тоа, тие бараат дополнителни средства од владата за довршување на започнатиот проект.

 

Значајните пропусти при изведбата на адаптацијата на арената „Филип Втори“ се наведени во писмото на УЕФА до ФФМ испратеното на 15 јуни. Во него се истакнуваат дваесетина проблеми што треба да се отстранат за непречено одвивање на фудбалскиот натпревар на 8 август. Од УЕФА во дописот јасно укажуваат дека активностите за адаптација на стадионот не биле завршени до мај 2017 година, иако е пробиен првично поставениот рок од крајот на 2016 година. Врз основа на склучените договори со неколку фирми за реализација на изведбените работи, од државниот буџет за адаптација на фудбалската арена „Филип Втори“ досега се портошени над 147 милиони денари.