Владата ќе направи сѐ за Супер купот на УЕФА да се одржи во Скопје
На Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им требале седум дена за да го испрати до владата писмото на УЕФА во кое се нотирани недостатоците од адаптацијата на арената „Филип Втори“ во Скопје. Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски на денешната прес-конференција рече дека извршната власт ќе ги преземе сите неопходни активности за да се исполнат