Претходна статија
Со „КУПРОМ“ стартува борбата на невладините за обнова и реосмислување на индустриските објекти
Следна статија
Поништен и вториот повик за субвенционирање на нискобуџетните летови

Заврши реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Гоце Делчев“

Објавено на 17.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска свечено го пушти во употреба реконструираниот и дограден објект на основното училиште „Гоце Делчев“. Со реализираниот проект се доградија простории со површина од 569 метри квадратни, односно 8 училници што ќе ги задоволат потребите за следење настава во училиштето. Со проектот се изведе нова енергетско ефикасна фасада на целиот објект, при што со зафатот беше изведен и лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот.

 

*Извор на фотографија: Општина Центар

 

„Во 60 години постоење на училиштето, ова е прва и единствена голема инвестиција за обезбедување подобри услови за работа во ова центарско училиште“ велат од Општина Центар. За реализација на проектот се издвоија над 22,6 милиони денари од општинскиот буџет, при што реализацијата на зафатот започна кон средината на ноември минатата година.