Претходна статија
Приватник ќе го организира зонското паркирање во Охрид
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Се гради општинската зграда во Ѓорче Петров

Заврши обновата на две фасади на заштитени објекти долж булеварот „Илинден“

Објавено на 27.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Првите резултати од реставрацијата на старата скопска архитектура можат да се видат на дело. Конзерваторскиот центар – Скопје ги комплетираше санационо конзерваторските работи на првите две фасади на објектите заштитени со закон, лоцирани на потегот помеѓу фонтаната „Лотус“ и седиштето на владата на булеварот „Илинден“. За враќање на некогашниот препознатлив изглед на овие зданија се издвоија финансиски средства во износ од 4.304.180 денари или околу 69 илјади евра од страна на Министерството за култура. Целокупните работи ги изведоа фирмите „Масон – инженеринг“ и „МАКАУС Благоја“ од Скопје.

 

Во согласност со предвидената програма на надлежното министерство, во текот на годинава треба да се реставрираат уште две зданија долж булеварот „Илинден“. Овие интервенции се одвиваат во рамките на проектот за обнова и конзервација на 250 фасади на староградски куќи низ целата земја.

 

Покрај реставрацијата на заштитените објекти, Градот ќе ги реконструира фасадите на дополнителни 13 објекти што се протегаат долж овој скопски булевар. Во оваа насока, архитектите Никола Стакинов, Лазар Димов, Звонко Ставрески и Бујар Муча веќе ги изработија идејните решенија, а во претстојниот период ќе се изготват и основните проекти.