Оперативата на „Бетон Штип“ денес започна со рушење на старата фонтана и вадење на 40 години старите мермерни плочи од плоштадот „Слобода“ во Штип. Со ова официјално стартуваше реконструкцијата на градскиот плоштад кој се простира на површина од 2.500 метри квадратни [»мапа]. Предвидено е поплочување со нови гранитни плочи, изградба на нова фонтана која ќе биде поставена каде што сега се наоѓа споменикот на Александар Македонски, а споменикот ќе биде преместен кај постојните трафики. Покрај ова, ќе биде поставена и нова водоводна и електрична инсталација. Работите треба да завршат до почетокот на април наредната година.
Реконструкцијата на плоштадот чини околу 310.000 евра и е дел од прокетот „Реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“, кој е финансиран со кредит од Светската банка. Од Општината најавуваат дека наскоро ќе се распише меѓународен тендер и за изградбата на паркинг платформите и уредувањето на коритото Отиња.
» Форумска дискусија за овој проект
Од градилиште:
Визуелизации: