Ќе се реконструира плоштадот „Маршал Тито“ и градските фонтани во Куманово
Помалиот градски плоштад „Маршал Тито“ во центарот на Куманово наскоро ќе биде реконструиран, заедно со фонтаните во централното градско подрачје. Општина Куманово распиша оглас за избор на градежна компанија што ќе го реализира претстојниот зафат со проценета вредност од околу 2,1 милиони денари. Реконструктивниот зафат ќе опфати партерно уредување на јавната површина, заедно