Претходна статија
„На Точак“ ќе вози за нови велосипедски паркинзи во Скопје
Следна статија
Во Битола се продаваат парцели за изградба на фабрики, станбени згради, хотел и катни гаражи

Центар повторно инвестира во нови термички фасади за стари објекти

Објавено на 23.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Три постари станбени згради во централното градско подрачје на Скопје ќе добијат нови термички фасади. Општина Центар потпиша договор со фирмата „Тетрагон МК“ за изведба на ваков тип фасада на објект на улицата „Иван Милутиновиќ“ со број 19, објект на булеварот „Илинден“ со број 83 и објект на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ со број 30. Со реализацијата на проектот ќе се спроведат мерките за енергетска ефикасност врз овие згради и истите ќе добијат освежен надворешен изглед со нови бои.

 

* Извор на фотографија: општина Центар

 

Од општина Центар напоменуваат дека современите фасади ќе бидат пропратени со уште една добивка за граѓаните – пониски сметки за една третина во однос на сегашната состојба со потрошувачка на топлинска енергија. Од локалниот буџет за оваа намена се издвоени финансиски средства во висина од 22.670.702 денари, односно околу 370.000 евра. Договорот со изведувачот предвидува градежните работи целосно да се извршат во период од 12 месеци.

 

 

Бојан Блажевски