Претходна статија
Никој не е заинтересиран за инвестирање на просторот на поранешната касарна „Илинден“
Следна статија
Проектот „Наоди“ ќе ја претставува Македонија на Венециското биенале на архитектура

„Трансмет“ ќе ја изведува новата фонтана на плоштадот „Македонија“

Објавено на 02.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје го избра најповолниот понудувач за реконструкција на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Градежната компанија „Трансмет“ ќе ја гради планираната површинска фонтана со димензии од 15 х 15 метри, која ќе се состои од 128 прскалки што ќе се инсталираат помеѓу споменикот „Воин на коњ“ и Камениот мост. За реализација на овој проект ќе се потрошат околу 2,4 милиони евра со вклучен ДДВ, објави денеска телевизија „Алфа“. Новиот изглед на плоштадот ќе биде завршен најдоцна до април или мај 2014 година.

 

 


* Идниот изглед на плоштадот „Македонија“ според визуелизацијата објавена на сајтот на неделникот „Република“

 

 

Покрај замислената фонтана, плоштадот „Македонија“ ќе се поплочи со мермерни плочки, но и со дел од некогашната коцка по која беше препознатлив овој простор во центарот на главниот град. Со проектот е планирано да се постават нови канделабри, клупи и корпи за отпадоци. Наспроти практиката на европските градови, скопската градска управа често се решава на промена на изгледот на централниот плоштад. Некогашниот градоначалник Ристо Пенов го повлече овој потег во 2003 година, а постоечкиот повторно се одлучува на истиот чекор.

 

Компанијата „Трансмет“ победи на вториот по ред тендер за реконструкција на плоштадот „Македонија“. На првиот неуспешен обид, Градот Скопје одлучи дека пристигнатите понуди се несоодветни и неприфатливи.