Уништен дел од фонтаната на скопскиот плоштад „Македонија“
Новата фонтана на скопскиот плоштад „Македонија“ претрпе сериозно оштетување нецели две години од нејзиното пуштање во употреба. Камион на јавното претпријатие „Улици и патишта“ пропадна во фонтаната, уништувајќи дел од надземната и подземната инсталација. Некои од прскалките се уништени, заедно со поставените ЛЕД светилки, за кои беа потрошени над 2,5 милиони евра. Една третина од овие