Претходна статија
Референдумот неуспешен, борбата за зачувување на ГТЦ продолжува
Следна статија
Нема ниту најава за градење на хидроелектраната „Чебрен“

Седма енергетски ефикасна фасада изведена од општина Центар

Објавено на 28.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Центар информираше дека се завршени градежните работи од изработката на термичка фасада на станбената зграда на булевар 11 Октомври, број 38. Од општинскиот буџет за оваа намена се инвестираа 5.728.032 денари, а изведувач на работите беше фирмата М.М.Л. Инженеринг од Скопје. Со новата фасада се постигнати неопходните мерки за енергетска ефикасност, со што станарите од оваа зграда ќе плаќаат помали сметки за енергија за 33%.

 


* Извор на фотографија: Општина Центар

 

 

Од општина Центар информираат дека е задржана автентичноста на зградата и на изворното идејно решение на познатиот архитект Александар Серафимовски. Новите бои на станбената зграда се избрани во договор со станарите. Локалните власти најавуваат дека ќе продолжат со проектот за обновување на надворешниот изглед на зградите во централното градско подрачје на Скопје. Следна за реконструкција е зградата до Сава Крањ, спроти трговскиот центар „Рамстор“.