Претходна статија
Конкурс за монтажен паркинг во Капиштец
Следна статија
Пропадна продажбата на државно земјиште во „Хиподром“

Се оградува „Александрија“

Објавено на 24.01.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После неколку години од првите најави, конечно почнува да се реализира големиот комплекс „Александрија“ во Карпош, кај спортската сала „Партизан“. Направено е испитување на тлото и моментално се оградува просторот и се рушат старите објекти. Камен темелник е најавен за 1 март, а инвеститор е „Fashion Group“.


Просторот е опфатен со деталниот урбанистички план „Реонски Центар Карпош 3, западен дел“.  Предвидени се станбени згради, трговски објекти и спортско-рекреативни содржини. Во ДУП-от наместо класични парцели се зацртани „мега-парцели“ кои дозволуваат поголема слобода за моделирање на просторот. За трговските содржини е дозволено максимум 80.000 метри квадратни изградена површина и висина до венец од 22,5 метри, додека за домување е дозволено максимум 42.000 метри квадратни изградена површина и висина до венец од 60 метри.