Претходна статија
Се трансформира аголот помеѓу Илинденска и 8 Септември
Следна статија
Се оградува „Александрија“

Конкурс за монтажен паркинг во Капиштец

Објавено на 23.01.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Визуелизација на предвиденото решениеОпштина Центар ќе подига монтажен паркинг во Капиштец, со капацитет за околу 500 возила. Планирано е да се добие уште едно ниво за паркирање над постојните паркинзи покрај улицата „Народен Фронт“, на сегментот од последната станица на линијата „23“ до кафеаната „Интермецо“. Распишан е конкурс за изработка на проект и изведба на објектот, а краен рок за доставување на понуди е 16 февруари. Предвидено е монтажниот паркинг да биде во функција најдоцна до 2012 година и со него да стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. За жителите од околината се најавуваат повластени цени.