Претходна статија
Несоодветна реакција на оштетувањата на Галеријата на икони во Музејот на Македонија
Следна статија
Високоградбата останува примарен двигател на градежниот сектор во земјава

Се изведуваат енергетски ефикасни фасади на зградите во Куманово

Објавено на 28.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово и Хабитат Македонија со непречено темпо го реализираат проектот за изведба на енергетско ефикасни фасади на станбените објекти во центарот на градот. Градежните работи се веќе завршени на осумкатната зграда на градскиот плоштад, а во моментов се работи на станбениот објект спроти Центарот за вработување во Куманово. Подготвителни работи за изведба на нова фасада се реализираат на објект на улицата „Драган Стопаревиќ“. Од кумановската локална самоуправа известуваат дека во подготовка на документација се две станбени згради на булеварот „Октомвриска револуција“ и на улицата „Димитар Влахов“.

 

 

Со тековниот проект се изведуваат енергетско ефикасни фасади на осум станбени објекти во Куманово. Општината партиципира со 20% од вкупните средства, додека станарите добиваат поволен заем од Хабитат со каматна стапка од 1%. Со зафатот се менува надворешната столарија и покривната конструкција на зградите, во комплет со изведбата на енергетско ефикасната фасада. Со новиот колорит на станбените објекти ќе биде освежен и досегашниот урбан пејсаж на централното градско подрачје на Куманово.