Претходна статија
Жичарницата на Водно поблиску до реализација
Следна статија
Стартуваше проширувањето на дел од Илинденска

Пуштена во употреба стратешка трафостаница на МЕПСО

Објавено на 15.02.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Штип завчера профункционира нова 400/110 киловолтна трафостаница вредна 13 милиони евра, опремена со најсовремена опрема и систем за управување и мониторинг. Се работи за најголема инвестиција во преносната електро-енергетска мрежа во источна Македонија во последните 20 години. Воедно ова е прва и единствена 400/110 киловолтна трафостаница во источниот дел на земјата. Изградбата на трафостаницата започна во март 2008, а финалните тестирања на опремата беа вршени во декември 2009 година. Изведувач на работите беше Сименс.


Оваа енергетска постројка е стратешки капацитет од огромно значење за електричната мрежа на земјата. Таа има капацитет да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија најмалку за наредните 10 години за регионот на Штип, Кочани, Свети Николе и Пробиштип, во кој живеат околу 150.000 жители. Освен тоа ќе бидат подобрени напонските прилики во мрежата и во поширокиот регион кој ги опфаќа Берово, Делчево, Струмица и Радовиш. Со нејзиното вклучување значајно ќе се намалат загубите на преносната мрежа во овој дел на змјата, а ќе се обезеди и зголемен степен на доверливост во работата на електро-енергетскиот систем. ТС „Штип“ се наоѓа во непосредна близина на новата слободна економска зона Штип, што значи дека АД МЕПСО сега е подготвен да ги задоволи сите потреби и на потенцијалните инвеститори во зоната.


Особено е значајно тоа што со пуштање во работа на овој објект успешно завршува проектот за електро-енергетско поврзување меѓу Македонија и Бугарија, односно новиот 400 kV далновод кој ги поврзува трафостаницата Штип со трафостаница Црвена Могила во Република Бугарија. АД МЕПСО идната година планира да започне и со градба на нов 400 kV далновод кон Ниш , Република Србија. И овој далновод ќе тргнува од новата ТС „Штип“, со што таа ќе стане центар кој Македонија ќе ја поврзува со две соседни земји.