За еден месец ќе почне изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес – конференција информираше дека за еден месец ќе започне изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш, по сосема нова траса од постоечкиот магистрале. Договорот за изведба на делницата долга 23,5 километри, на потегот од селото Софилари до клучката Бучим, е веќе потпишан, а рокот за нејзино