МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип
МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110 киловолтен далекувод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип. По тој повод, Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО и Ерион Муши, претставник на конзорциумот изведувачи „Пинг гао груп“ од Кина и „Ндрекај“ од Албанија го потпишаа договорот за изградба на новиот далекувод.